BlogКОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ КОЛАГЕНСКИТЕ ПЕПТИДИ И ХИДРОЛИЗИРАНИОТ КОЛАГЕН?

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ КОЛАГЕНСКИТЕ ПЕПТИДИ И ХИДРОЛИЗИРАНИОТ КОЛАГЕН?

КОЛАГЕНСКИ ПЕПТИДИ ИЛИ ХИДРОЛИЗИРАН КОЛАГЕН? ВО ОВОЈ ЧЛЕН ПОДЕТАЛНО ГИ ОБЈАСНУВАМЕ ОВИЕ ДВЕ ИМИЊА И УКАЖУВАМЕ НА ТОА ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ И ШТО ЗНАЧАТ.

Едноставно кажано – нема разлика. Термините колагенски пептиди и хидролизиран колаген се синоними и се користат наизменично за истиот производ. Станува збори за обична семантика. Фразата „колагенски пептиди“ се базира на крајниот производ, а тоа се пептиди добиени од колаген; додека „хидролизиран колаген“ потекнува од процесот на хидролиза, и тоа методот кој се користи за производство на колагенски пептиди.

За поедноставна илустрација, да го земеме поимот „пченично брашно“. Можеме да го нарекуваме и „мелено брашно“ откако ќе се сомеле или, едноставно, „брашно“, зависно од крајниот производ.

Во таа смисла, хидролизиран колаген е синоним за колагенски пептиди.

 

Хидролизиран колаген или колагенски пептиди: која фраза треба да ја користиме?

Било која. Двете се во ред. Во последниве години трендот е повеќе да се користи колагенски пептиди. Ова од причина што пептидите кои се добиени од колагенот се клучни биоактивни компоненти. Со други зборува, токму биоактивните пептиди додаваат вредност на широк спектар на нутриционистички производи, така што е логично да се користи колагенски пептиди.

Што претставува колагенот?

Колагенот е важен структурен протеин кај животните. Во суштина, тој го држи телото заедно, давајќи им сила, структура, еласитчност и кохезија на коските, кожата, мускулите, тетивите, лигаментите и ‘рскавицата.

Постојат различни видови на колаген во телото. Колагенот тип I, на пример, е составен од многу долги, цврсто спакувани влакна кои даваат цврстина на истегнување на лигаментите, тетивите и на кожата. Од друга страна, влакната во колагенот тип II се пократки, со што се овозможува ‘рскавицата да апсорбира шокови помеѓу коските и да го ублажува делувањето на зглобовите. Таска што, станува збор за супстанција која има суштинска улога во одржувањето на доброто физичко здравје.

Како што старееме, телото произведува помалку колаген, што резултира со видливи знаци на стареење, како што се линии и брчки. Тоа е затоа што во кожата има помалку колаген кој би обезбедувал обезбедува еластичност и структурна поддршка на кожата.

Колагенот (обично се тоа кожа и коска од риба, свињи и говеда) е суровина од која се прават производи како што се желатин и колагенски пептиди.

 

Што се тоа колагенски пептиди и каков е процесот на хидролизирање на колагенот?

 

Колагенските пептиди се кратки синџири на амино киселини екстрахирани од изворен (целосен) колаген преку процес наречен ензимска хидролиза (уште се нарекува и ензимско хидролизирање).

 

Изворниот колаген (на пример, говедска кожа) треба да помине низ процес на омекнување што им овозможува на колагенските пептиди да бидат ослободени од нивните врски и безбедно да бидат екстрахирани. На молекуларно ниво, колагенот се состои од три долги синџири на аминокиселини кои формираат тројна спирала со висока молекуларна тежина. Како резултат на тоа, колагенските пептиди се дел од една цврста и нерастворлива матрица на колагенски влакна.

Колагенот потоа поминува низ процес наречен ензимска хидролиза. Тука се користи специфичен ензим за раскинување на пептидните врски за да може да се направи екстракција на колагенските пептиди. Степенот на хидролиза има влијание врз просечната молекуларна тежина на финалниот производ.

Процесот на ензимска хидролиза е строго контролира, за да се обезбеди репродуктивност.

 

 

Зошто се корисни колагенските пептиди (хидролизираниот колаген)?

Колагенските пептиди се биоактивни. Тоа значи дека, откако ќе се апсорбираат во крвотокот, тие можат да влијаат на активноста на клетките во телото на повеќе начини. На пример, колагенските пептиди можат да ги стимулираат фибробластите во кожата да создаваат повеќе хијалуронска киселина, што е од суштинско значење за хидратација на кожата.

Биоактивните колагенски пептиди можат да му помогнат на телото да го поправи оштетеното ткиво. Тие овозможуваат структурна поддршка за кожата, да придонесат за здрава коса и да помогнат во одржувањето на густината на коските. Ова е причината зошто колагенските пептиди се користат за повеќе цели поврзани со здравјето, убавината и за потреби од фитнес.

На пример, разни научни студии покажаа дека колагенските пептиди можат да помогнат во подобрувањето на здравјето на зглобовите, заштитувајќи ја ‘рскавицата од деградација и помагајќи да се намали воспалението околу зглобот. Ова има корисно влијание кај луѓето кои имаат заболувања на зглобовите, бидејќи може да помогне во подобрувањето на мобилноста и во намалувањето на болката.

 

 

Други употреби на колагенските пептиди:

 

Опоравување при спортски активности

Колагенските пептиди се користат од спортисти, бодибилдери и спортски ентузијасти за да помогнат во намалувањето на времето потребно за опоравување по интензивен тренинг. Напорната активност ги оптоварува мускулните влакна и обвивката на сврзните ткива, така што на телото му треба време да заздрави пред да може да продолжи со тренинг.

Колагенските пептиди можат да го поддржат закрепнувањето преку намалување на времето потребно за опоравување, што значи дека спортистите можат максимално да го зголемат временскиот распоред предвиден за тренинг и да го подобрат својот учинок.

Освен пократкото време потребно за опоравување, земањето колагенски пептиди може да ја намали и болката во мускулите.

 

 

Здравје на коските

Колагенските пептиди можат да помогнат и во однос на здравјето на коските. Коските се претежно составени од соли на колаген и калциум. Во текот на животот на еден човек, коските постојано се поправаат и регенерираат преку процес кој е познат како реконструкција на коските.

Како суплемент (додаток) во здравјето, колагенските пептиди може да се користат за зајакнување на процесот на реконструкција на коските и да помагаат за одржување на нивното добро здравје. Во една неодамнешна студија, истражувачите констатираа дека земањето на колаген пептид како суплемент може да влијае на метаболизмот на коскените клетки на повеќе нивоа, поттикнувајќи го со тоа процесот на реконструкција на коските и помагајќи му на телото да ја задржи нивната сила. 

 

Убавина на кожата

Колагенските пептиди се користат за да помогнат во подобрувањето на здравјето на кожата и да ги забават видливите знаци на стареење, како што се брчките. Постојат неколку научни студии кои ја демонстрираат способноста на колагенските пептиди да ја поттикнат убавината на кожата. Во 2015 година, резултатите од две клинички студии покажаа дека дополнувањето со колаген го подобри изгледот и хидратацијата на кожата соодветно кај кавкаските и јапонските жени. Една друга студија од 2019 година потврди дека додатокот во вид на колаген пептид има позитивни ефекти врз кожата кај лицата со различни типови кожа.

назад кон врвот