КOЈА Е ВРЕМЕНСКАТА РАМКА ЗА ДА СЕ ПОКАЖАТ ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕДОВНОТО КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАГЕН

КOJА Е ВРЕМЕНСКАТА РАМКА ЗА ДА СЕ ПОКАЖАТ ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕДОВНО КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАГЕН ?

  Постојат неколку придобивки што може да се забележат од дневниот внес на колаген како што се поцврста кожа, посилна коса и нокти. Бидејќи колагенот е најзастапен протеин во човечкото тело, тој е неопходен за многу делови во телото. Многу луѓе можеби се прашуваат колку време е потребно за да се забележат првите знаци од земање колаген. Колагенот се наоѓа насекаде во нашето тело – во цревата, мускулите, коските, кожата, тетивите, па дури и нашите внатрешни органи. Нашите тела природно произведуваат колаген, но како што старееме, брзината со која произведуваме колаген се намалува – оттука, почнува да се забележува застарена кожа, брчки и болки во зглобовите. По 20 -годишна возраст,  луѓето почнуваат да произведуваат 1% помалку колаген во нивната кожа секоја година. Затоа, треба да се почне со внес на колаген во телото во 20тите години. Откога колагенските пептиди ќе се апсорбираат во крвотокот за еден час колагенските пептиди можат да започнат да дејствуваат во нашите клетки. Времето што е потребно за да функционира колагенот зависи од моменталните нивоа на колаген во телото. Доколку нивото на колаген е ниско во вашето тело може да забележите поголема разлика откако ќе почнете да внесувате секојдневно колаген. Во случај на високо ниво на колаген, дејството е помало. Доколку внесувате колаген за подобрување на вашата кожа, може да забележите разлика за неколку недели. Според една студија се докажало дека колагенските пептиди значително ги намалуваат брчките за над 30% по 3 месеци користење. Други студии покажаа значително подобрување на еластичноста на кожата за осум до дванаесет недели. Доколку внесувате колаген за да ја намалите болката во зглобовите, тоа може да потрае малку подолго пред да почнат да се јавуваат подобрувања. Спортистите кои дневно земале по 10 грама колаген пептиди, пријавиле значителни подобрувања во болките во зглобовите по 24 недели. Човековото тело бара често снабдување со колаген. Впрочем, тоа е најобилниот протеин во телото, така што потребен е на многу места за оптимално здравје. Како што старееме, нашите тела природно почнуваат да произведуваат помалку колаген. Ова намалување на колагенот е еден од факторите зошто кожата почнува да попушта и зошто болките во зглобовите се покарактеристични кај повозрасната група. Бидејќи создавањето на колаген во тело почнува да опаѓа по 25тата година, многу е веројатно дека ќе забележите корист од дополнување на колаген. Обезбедете балансирана, здрава исхрана за оптимални резултати Бидете сигурни дека нема да ја намалите важноста на добро избалансирана диета со целосна храна, богата со овошје, зеленчук, протеини, житарки, мешунки и здрави масти. Дополнувањето на исхраната со колаген пептид е одличен избор за поттикнување на здрава кожа, коса и нокти, како и поддршка на здрави зглобови и силен имунолошки систем. Најважно е да се намали внесот на шеќери, рафинирани брашно и масла, натриум и преработена храна, бидејќи овие видови храна можат да го нарушат здравјето на кожата, здравјето на цревата и имунолошкото здравје.
назад кон врвот