КОЛАГЕНОТ ВО НАШИТЕ ТЕЛА
Колагенот е главниот протеин во сврзното ткиво на телото. Обезбедува интегритет, еластичност и јачина на кожата, ‘рскавицата и на коските.

ШТО ПРЕТСТАВУВА КОЛАГЕНОТ?
Колагенот е тројна спирала (хеликс) која се состои од три синџири на аминокиселини, формира силни влакна и му обезбедува структура на телото. Колагенот е протеин кој е најзастапен во човечкото тело и учествува со околу 30 % во вкупната содржина на протеини. Обезбедува интегритет, еластичност и сила на сврзните ткива на нашето тело и на тој начин ја одржува формата и функцијата на нашата кожа, ‘рскавицата и коските.
Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.
КАКО Е РАСПРЕДЕЛЕН КОЛАГЕНОТ
Различни клетки во нашето тело се одговорни за производството на колаген. Клетките користат специфични аминокиселини кои претставуваат „градежни тули“ за создавање на долгите синџири кои се замотани заедно во голема колагенска тројна спирала. Неколку спирали потоа се организираат во силни влакна кои му овозможуваат структурна поддршка на ткивото, му даваат флексибилност и способност да издржи разни сили.


Кожа
Колагенот сочинува 75 % од содржината на сувата маса на кожата. Како клучна компонента на структурата на кожата, колагенските влакна обезбедуваат инфраструктура за еластин, кој ја одржува еластичноста на кожата, и за хијалуронска киселина која ја заробува влагата.

Тетиви
Тетивите се силни фиброзни сврзни ткива што ги поврзуваат мускулите со коските. Кога мускулите прават контракција, тетивите имаат улога да ги пренесуваат силите и да издржат напнатост. Тетивите содржат 85 % колаген тип 1 и протеогликани.

‘Рскавица на зглобовите
‘Рскавицата на зглобовите се состои од клеточни градежни тули (хондроцити), кои произведуваат вонклеточна матрица што се состои од колаген и протеогликани (главно агрекан). Колагенските влакна сочинуваат до 70 % од ‘рскавицата и се задолжени за нејзината структура и сила, додека протеогликаните имаат функција на лубриканти за зглобот.

Коски
Со оглед на тоа што учествува со околу 90 % во органската коскена маса, колагенот овозможува структурна рамка на која се „закотвени“ калциумот и другите минерали. Исто така, колагенските влакна овозможуваат флексибилност на коските.

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА СТАРЕЕМЕ? НАШЕТО ТЕЛО СЕ МЕНУВА ОКОЛУ ТРИЕСЕТТАТА ГОДИНА
Во возрасни години, нашeтo телo почнува да произведува помалку колаген. Овој процес започнува кога сме на возраст од околу 30 години и се забрзува кога ќе наполниме 40 години и повеќе, и доведува до неизбежните видливи и забележливи знаци на стареење. Губењето на колагенот е природен процес, но на тоа влијаат и други фактори, како што се изложеноста на УВ-зрачење, загадувањето и начинот на живот, кои можат да доведат до предвремени или поинтензивни знаци на стареење.
НАДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛАГЕНОТ
Пептан колагенските пептиди се чист и биоактивен протеин, добиен од 100 % природен извор и без никакви несакани ефекти. Нивните здравствени придобивки за мобилност и убавина на кожата се поткрепени со научни студии. (1) Индикациите од претклиничките модели сугерираат на тоа дека пептанот помага во одржувањето на здрави коски. Така, пептанот е сеопфатно решение за одржување на здравјето на мускулно-скелетниот систем и исто така ја поттикнува убавината на кожата. Научно е потврдено дека Пептан IIm (2) хидролизиран колаген тип II овозможува повеќекратни здравствени придобивки за зглобовите ако се зема во мала дневна доза.


ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОЛАГЕНОТ
Колагенот е безбедна и природна состојка која е достапна во различни класи. Може да се најде во храна, како што е супа од коски или десерти базирани на желатин. Нивото на растворливост, апсорпција и сварливост варираат од една до друга класа.
Откријте ја трансформацијата од изворен колаген кон желатин и колагенски пептиди.
Изворен колаген
Изворен колаген
Изворниот колаген е составен од големи тројни структури на спирала сочинети од долги синџири на аминокиселини. Не е растворлив. Типични примена има во колагенски обвивки, медицински материјали, сунѓери за изгореници/рани итн. Молекуларната тежина на изворниот колаген е околу 300k – 400k далтони.
Желатин
Желатинот е форма на хидролизиран колаген кој се извлекува од суровини богати со колаген, и тоа преку одвиткување на тројната спирала на нејзини составни делови и индивидуални нишки. Желатинот ќе се раствори во топла вода и потоа повторно во желатин кога ќе се излади (ова е истиот желатин кој можете да го внесете со коскена супа подготвена дома). Поради својата функционалност на желатин, пенење, емулгирање и врзување, желатинот најчесто се користи во кулинарството, како што се желеа, слатки, згуснувачи на сос итн. Желатинот, исто така, има и незаменлива фармацевтска примена, како што се меките и тврдите капсули а неговата молекуларна тежина изнесува околу 50k далтони.
Колагенски пептиди
Кога желатинот уште повеќе се хидролизира, долгите нишки на колагенот се распаѓаат во мали пептиди. Колагенските пептиди се растворливи во ладна вода и лесно се дигестираат и апсорбираат во нашето тело. Повеќе од 90% од колагенските пептиди се појавуваат во крвотокот во рок од неколку часа по консумирањето и ефикасно се доставуваат до местото на дејствување во телото. Дознајте повеќе за биорасположливоста на колагенските пептиди.
Колагенските пептиди се биоактивни. Тие дејствуваат како гласник кон целното ткиво и влијаат на неговата функција, како што се активирање на синтеза и реорганизација на нови колагенски влакна во кожата. Бројни научни студии ги имаат потврдено здравствените придобивки од колагенските пептиди во најважните области, како што се здравото стареење, здравјето на зглобовите и коските, спортската исхрана или убавина на кожата.
Со оглед на тоа дека колагенските пептиди се растворливи во ладна вода, тие се подобра опција за примена во храна и пијалаци и како додатоци во исхраната отколку желатинот. Колагенските пептиди имаат молекуларна тежина помала од 5.000 далтони.
Референци
- Koжа: Nutrients, 2019, A Collagen Supplement Improves Skin Hydration, Elasticity, Roughness, and Density: Results of a Randomized, Placebo-Controlled, Blind Study, 11(10), 2494.
- Тетиви: J Orthop Res., 2015, Tendon Functional Extracellular Matrix, 33(6): 793–799.
- Лигаменти: Acta Biomater., 2015, Elastin Governs the Mechanical Response of Medial Collateral Ligament Under Shear and Transverse Tensile Loading, 25: 304–312.
- ‘Рскавица на зглобовите: Implications for the Physical Therapist, 2015, By Catherine C. Goodman, Kenda S. Fuller, chapter 6, page 255.
- Коски: Curr Chem Biol., 2009, Chemical and Biochemical Basis of Cell-Bone Matrix Interaction in Health and Disease, 3(2): 189–196.