КОЛАГЕНОТ И НЕГОВИТЕ ПРИДОБИВКИ НА КОЖАТА, КОСАТА, И МУСКУЛНОТО ОПОРАВУВАЊЕ

КОЛАГЕНОТ И НЕГОВИТЕ ПРИДОБИВКИ НА КОЖАТА, КОСАТА, И МУСКУЛНОТО ОПОРАВУВАЊЕ

Колагенот е најзастапен протеин во човековото тело. Се наоѓа во мускулите, коските, кожата, крвните садови, дигестивниот систем и тетивите. Придобивките од колаген се многу впечатливи бидејќи овој протеин влијае за поздрава и поеластична кожа. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, тоа е „лепилото“што помага да се одржи телото заедно. Производството на колаген во нашето тело природно почнува да забавува како што старееме. Постојат и голем број на фактори кои го забрзуваат процесот на намалување на создавање на колаген како што се: исхрана богата со шеќер, стрес и  изложување на сонце. Откриено е дека болестите поврзани со колаген најчесто произлегуваат од комбинација на генетски слабости, слаб внес на храна богата со колаген, недостатоци во исхраната и дигестивни проблеми кои влијаат на производството (синтеза) на колаген. Колагенот често се нарекува „комплексен протеин“, бидејќи содржи 19 различни амино киселини. Колагенот е особено одличен начин за добивање повеќе амино киселини, како аргинин, глутамин, глицин и пролин. Кога сте настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес , вашето тело нема да може да произведе доволно од овие амино киселини самостојно. Тогаш на телото му е потребна помош од надворешни извори, главно од вашата исхрана или од суплементи.

Какво е влијанието на колагенот?

  1. Го подобрува здравјето на кожата и косата – Како што старееме, производството на колаген опаѓа. Зголемувањето на нивото на колаген може да и помогне на вашата кожа да изгледа поцврсто, да ја зголеми мазноста и да им помогне на клетките на кожата нормално да се обновуваат. Кога кожата ја губи еластичноста како резултат на намален колаген, има уште еден несакан ефект: повидлив целулит. Бидејќи кожата е потенка, целулитот станува поочигледен. Придобивките од колаген, исто така, вклучуваат намалување на стриите на кожата.
  1. Ги намалува болките во зглобовите и дегенерацијата – Најчести болки и потешкотии при движење се јавуваат во тетивите и лигаментите поради намалено создавање и истрошување на колагенот. Колагенот помага на зглобовите полесно да се движат, ја намалува болката често поврзана со стареењето, па дури и го намалува ризикот од нивното влошување. Истражувачите од Медицинскиот центар „ Beth Israel Deaconess “на Харвард во Бостон ги испитуваа придобивките од колагенот и открија дека дополнувањето со колаген тип II помага на пациентите кои страдаат од ревматоиден артритис во ослободување од болките со намалување на отокот во зглобовите. Друга студија објавена во Меѓународниот весник за медицински науки покажа дека луѓето со остеоартритис и болки во зглобовите третирани со колаген тип II покажуваат значителни подобрувања во секојдневните активности и општо подобрување на квалитетот на нивниот живот.
  1. Го забрзува метаболизмот, мускулната маса и помага во создавањето на енергија – Зголемувањето на колагенот може да помогне да се забрза метаболизмот, додавањето на чиста мускулна маса и брзо и правилно разложување на основните хранливи материи. Една од најважните улоги на глицинот е помагањето во формирање на мускулно ткиво со претворање на гликозата во енергија што ги храни мускулните клетки. Задржувањето на мускулната маса е клучно со стареењето, бидејќи помага да се поддржи држењето на телото, здравјето на коските и го зголемува процесот на согорување повеќе калории.
  1. Ги зајакнува ноктите, косата и забите -Недостатокот на колаген може да биде причина за лесна кршливост на ноктите. Колагенскиот протеин е градежен блок за ноктите, косата и забите. Додавањето колаген во вашата исхрана може да ви помогне да ги одржите вашите нокти цврсти и да го намали и успори процесот на опаѓање на косата.
  1. Го подобрува здравјето на црниот дроб – Колагенот им големо влијание за детокс на телото од штетни материи. Тоа е затоа што глицинот помага да се намали оштетувањето на црниот дроб кога апсорбира токсини што не треба да минуваат низ него..

Највисоките проценти на амино киселини пронајдени во колагенот, заедно со некои од нивните клучни придобивки, вклучуваат:

Пролин: Пролин сочинува речиси 15 проценти од колагенот. Пролинот и глицинот, особено, играат голема улога во обезбедувањето на непречено функционирање на телото. Пролинот помага да се заштитат крвните садови, да се подобри здравјето на зглобовите како и да се заштити кардиоваскуларниот систем. Глицин: Околу една третина од протеинот што се наоѓа во колагенот е глицин. Иако тоа е најмалата амино киселина, глицинот има големи ефекти. За да се обезбеди правилно функционирање на нашите клетки, глицинот помага да се изградат здрави нишки на ДНК. Тоа е исто така една од трите амино киселини што формираат креатин, кој промовира здрав раст на мускулите и го зголемува производството на енергија при одредена физичка активност. Глутамин: Се смета за една од најважните и најобилните амино киселини во телото. Глутаминот се создава во нашите мускули и се добива преку исхрана. Истражувањата покажуваат дека глутаминот има придобивки за намалување на анксиозност, напнатост, нарушувања на спиењето/несоница, недостаток на концентрација, лошо дигестивно здравје, ослабен имунолошки систем и ниска енергија. Аргинин: Аргинин (исто така обично се нарекува Л-аргинин) се распаѓа во азотен оксид во телото, што е важно соединение за здравјето на артериите и срцето. Исто така, докажано е дека аргининот ја подобрува циркулацијата и помага во зајакнување на имунолошкиот систем.

Видови на колаген и тип на колаген колаген е најдобар:

Постојат  16 различни видови колаген во човечкото тело. Најчесто се користат колаген од типовите I, II и III.

Тип I: најобилниот и најзастапен колаген што се наоѓа во човечкото тело. Составен е од еозинофилни влакна кои формираат делови од телото, вклучувајќи тетиви, лигаменти, органи и кожа (дермис). Колагенот има голема улога за заздравување на раните,  давајќи и мазност и еластичност на кожата.
Тип II: Колагенот тип II првенствено помага да се изгради ‘рскавица, која се наоѓа во сврзните ткива. Здравјето на вашите зглобови се потпира на ‘рскавицата направена од колаген тип II, поради што е корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис.

Тип III: Колагенот тип III е сличен на колаген тип I и помага да и се даде еластичност и цврстина на кожата. Исто така, учествува во формирање на крвните садови. Поради овие причини, недостатокот на колаген тип III е поврзан со поголем ризик за уништување на крвните садови и предизвикување на проблеми на кардиоваскуларниот систем.

Тип IV: Колагенот тип IV има важна задача да формира базална ламина, која се наоѓа во ендотелните клетки кои формираат ткиво што ги опкружува органите, мускулите и маснотиите. Тие се тенок слој течност слична на гел што обезбедува подлога за ткивото над нив.

Тип V: Овој тип на колаген е потребен за да се создаде површината на клетките

Тип X: Тип X помага при формирање на зглобна ‘рскавица. Повеќе истражувања укажуваат како колагенот влијае корисно за побрзо заздравување на фрактури на коските.
Иако многу креми тврдат дека ја ревитализираат кожата со додавање на колаген, молекулите во овие производи обично се премногу големи за вашата кожа да ги апсорбира. Преку директно конзумирање на колаген директно ќе го подобрите вашето тело одвнатре.

назад кон врвот