Услови за користење

Услови за користење

Услови на користење

Последно обновено на 21.12.2021

 

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

 

Арбореал ДОО Скопје, го поседува и менаџира сајтот www.arboreal.mk (“Arboreal”, “ние”, “наше” или “нас”) и неговите мобилни апликации и верзии. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба. 

 

Ако не се согласувате со овие услови на употреба, веднаш престанете да го користите веб сајтот и не ги користете услугите кои ги нуди Arboreal, не учествувајте во ниту една програма, не вршете купувања на производи кои се нудат преку сајтот.

 

  1. За веб страната

Arboreal овозможува онлајн купување преку веб-страната на домеинот arboreal.mk  со кој дејствува компанијата Арбореал ДОО Скопје. Преку вебстраната ” arboreal.mk  се продаваат преоизводи чиј увозник и продавач е Арбореал ДОО Скопје. Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.

  1. Сопственост на веб страната

arboreal.mk ги имаат авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

Арбореал ДОО Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

 

Арбореал ДОО Скопје може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

  1. Употребување на сајтот

Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:

Имате најмалку 18 години.

Сте во можност да направите правна обврска.

Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи.

Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации.

Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба

Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда.

Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели.

Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци.

Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време.

Ќе купувате само од производите преку сајтот со креирање на профил на сајтот и било кое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени подолу во овие Услови за употреба.

Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.

 

 

 

 

  1. Регистрација и најава на сајтот

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Доколку сакате да се регистрирате како корисници аrboreal.mk истото може да го направите со кликање на копчето “Нов профил” со внесување на своја емаил адреса и лозинка. Друга опција е да се регистирате со опцијата логин со Facebook или логин со Google. При регистрација потребно е задолжително согласување со условите за употреба и политиката за приватност. Доколку не се согласувате не продолжувајте со процесот на регистрација. Доколку сакате да добивате дневни емаил известувања постои не-задолжителна опција “Дали сакате да добивате промотивни емаил известувања?” каде треба да одберете Check Box “Да” или “Не” доколку сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања.  

При секое наредно логирање потребно е да го внесете својот емаил и лозинка за да се логирате. Доколку се логирате со Facebook или Google потребно е само да кликнете на копчето логин со Facebook или Google.

 

По успешната најава можете да пристапите до веб сајтот и да ги користи сите функционалности кои се достапни за корисниците.

Информациите кои ги споделувате при регистрација се користат во согласност со Политиката за заштита на податоци на овој линк.

 

  1. Пристап до сајтот

Arboreal го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Arboreal, и Arboreal не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Arboreal е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Arboreal, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Arboreal има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

  1. Измена на Условите на користење

Arboreal го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако Arboreal прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail, на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Овие промени нема да важат за производите купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт и за сите производи купени од страна на таквите нови корисници. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

 

  1. Вашиот профил

Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Arboreal нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде отстранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци.

 

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи купените производи, без разлика дали се употребени и средствата кои се наоѓаат на истиот. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од нашата веб страна, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на сајтот.

При внесување на податоци за платежна картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколи и PKI систем, како и моментално најсовремените криптографски технологии. Сигурноста на податоците при купувањето, го гарантира процесорот на платежни картички, Халкбанка Скопје, па така комплетниот процес на наплата се одвива на страниците на банката. Во ниеден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.

  1. Опрема за употреба на сајтот

Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. Arboreal не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.

  1. Кодекс на однесување на крајниот корисник

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.

Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:

Поставување било каква содржина на сајтот која:

Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);

Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;

Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;

Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;

Има ефект на наметнување на другите;

Содржи пораки од неовластени лица од Arboreal, кои наводно зборуваат во име на Arboreal или даваат доверливи информации поврзани со Arboreal;

Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или

Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:

Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;

Скенирање или следење на сајтот со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;

Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на сајтот или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или

Мешање во употребата на сајтот на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на сајтот обид да се направи преоптоварување  со “спам”, или да се напраив прекин на сајтот.

Употреба на било кое од следното:

Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од сајтот без наша писмена дозвола;

Било која содржина од сајтот, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг “скриен текст” техники и технологии без наша писмена дозвола;

Сајтот или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со Arboreal; или

Собирање на било кои од следните наведени работи:

Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана во точка 13 подолу) или содржина од било кој корисник или Продавач.

Вклучување во било која од следните активности:

Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на сајтот или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на Arboreal;

Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите производи или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;

Препродавање на било кои купувања направени преку сајтот;

Пристапување, следење или копирање на било која содржина од сајтот, користење на било кој “робот”, “пајак”, или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;

Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од сајтот (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со купувања направени преку сајтот), со материјали од други сајтови без наша писмена дозвола;

Длабоко поврзување со кој било дел од сајтот (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за секој ваучер) без наша писмена дозвола;

Поврзување до сајтот од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или

Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на Arboreal, нашите продавачи или нашите услуги.

  1. Вашата приватност

Во име на Арбореал ДОО Скопје се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните, основни податоци за купувачите/корисниците и податоците неопходни за работење и информирање на корисниците согласно со добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи опција за одлука дали сакаат или не сакаат да се избришат од маилинг листата која се користи за маркетиншки кампањи. Сите податоци за корисниците/купувачите строго се чуваат и се достапни само на вработените на кои тие податоци им се неопходни за работа. Сите вработени во Арбореал ДОО Скопје (и деловните партнери) се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

 

При внесување на податоци за платежна картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколи и PKI систем, како и моментално најсовремените криптографски технологии. Сигурноста на податоците при купувањето, го гарантира процесорот на платежни картички, Халкбанка Скопје, па така комплетниот процес на наплата се одвива на страниците на банката. Во ниеден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.

  1. Услови на купување

Со купување или добивање на било која понуда на сајтот обезбедена од нас, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување, објавени на веб страната.

  1. Специјални програми

Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од Arboreal Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

  1. Авторски права и трговска марка

Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт (“Arboreal”) е во ексклузивна сопственост на Арборела Македонија ДОО Скопје. Arboreal има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Arboreal има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите од фотографер на Arboreal. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, постирање, поставување линкови, модифицирање, учествување во продажба, или на друг начин модифицирање на овој сајт или некоја од микространите, или на било кој друг начин користење на содржината, делумно или целосно без изречна писмена дозвола од Арбореал Македонија ДОО Скопје е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.

Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој сајт, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Arboreal не сноси товар или одговорност, за да му даде на крајниот корисник индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Крајниот корисник е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок. Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на овој сајт, крајниот корисник гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавување, превод и дистрибуција на таквиот материјал на Arboreal. Крајниот корисник, исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг краен корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба. Крајниот корисник тука се согласува дека дава право на било кој друг краен корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на овој сајт од страна на крајниот корисник.

Arboreal е заштитена трговска марка на Арбореал ДОО Скопје. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на Arboreal се сопственост на нивните соодветни сопственици.

  1. Корисничка содржина

Сајтот им овозможува на регистрирани корисници и посетители повеќе можности да ги прегледаат или постават мислења, совети, рејтинзи, дискусии, коментари, пораки, одговори и други комуникации, како и поставување на датотеки, слики, фотографии, видео, аудио снимки, музички дела и други содржини (колективно, “содржини”) преку форуми, огласни табли, групи за дискусија, виртуелни простории за разговор, анкети, блогови или други комуникациски објекти кои можат да бидат понудени на, преку, или во врска со овој сајт од време на време. Може да се бара од Вас да имате Arboreal профил за да може да поставите содржина.

Ако поставите било какви содржини, гарантирате дека: (а) Вие сте ​​креаторот на содржините; или (б) ако делувате во име на креаторот, дека имате (i) изречна солгасност од креаторот, да поставувате и променувате содржин, и (ii) сите права неопходни за доделување на лиценци во овие Услови за користење. Понатаму гарантирате (или, ако се делува во име на креаторот на содржини, сте го увериле креаторот дека изјавува и гарантира) дека споделувањето на содржини за целите кои сте ги одбрале не прекршуваат авторски права, трговски марки или други права на интелектуална сопственост или права на трети страни, вклучувајќи ги и правата на публицитет или приватност. Вие гарантирате дека нема да поставувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставате на располагање содржини што се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, расистички, порнографски, непристојни, насилни, невистинити, клевети, инвазивни на приватноста на друго лице или штетни за било која трета страна; или ако содржините содржат било каков материјал кој крие вируси или било кој друг компјутерски кодови, фајлови или програми дизајнирани да се прекине, уништи или ограничи функционалноста на било кој софтвер или на компјутерска опрема.

Arboreal има единствено и апсолутно право, но не и обврска, да ги прегледа, промени, постави, да одбие објавување, да отстрани, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на било која трета страна, во било кое време, од било која причина, вклучувајќи да се утврди усогласеноста со овие Услови на употреба и сите оперативни правила воспоставени од страна Arboreal, како и да ги задоволи сите применливи закони, регулативи или овластени владини барањa. Без ограничување на горенаведеното, Arboreal има право да ги отстрани било кои содржини од заедници или било кој друг сајт под контрола на Арбореал ДОО Скопје, во својата единствена и апсолутна дискреција. Arboreal не превзема никаква одговорност за било кои содржини или други информации кои се појавуваат или се отстранети од сајтот или на друго место. Arboreal нема обврска да ги користите корисничките содржините и може да не го прави тоа воопшто.

Во некои случаи и од време на време, може да биде достапно да менувате или отстранувате содржини доставени или испратени преку вашиот профил. Arboreal не дава никаква гаранција дека корисничката содржина која сте ја менувале или отстраниле ќе биде изменета или отстранета од сајтот или на друго место, или дека содржините ќе престанат да се појавуваат на интернет, во пребарувачите, социјалните медиуми, или на друга форма, медиум или технологија.

Кориснички содржини од јавна природа

Вие разбирате и се согласувате дека корисничката содржина е јавна. Сите дискусии за рејтингот, коментари, огласни табли, виртуелни простории за разговор и / или други пораки или средствата за комуникација се јавни, а не приватни пораки, и според тоа, другите може да ги прочитаат комуникациите. Секое лице (без разлика дали е или не е корисник на услугите на Arboreal) може да ги прочита Вашите содржини без Ваше знаење. Ве молиме да не вклучувате какви било лични информации во Вашите содржини, освен ако не сакате тие да бидат јавно објавени. Arboreal не е одговорен за употреба или откривање на какви било лични информации кои виe ги објавувате како корисничка содржина.

Било која содржина од било кој вид направена од вас или било која трета страна е направена од страна на соодветниот автор (и) или дистрибутер (и), а не од страна на Arboreal. Другите корисници може да постават содржини кои се неточни, погрешни или измамнички. Arboreal не ја поддржува и не е одговорен за било која корисничка содржина, и нема да да биде одговорен за било каква штета или загуба предизвикана од Ваше потпирање на таквата содржина. Корисничката содржина го одразува мислењето на подносителот на истата, а не мислењето на Arboreal. Arboreal не ги контролира или одобрува било кои поставени содржини, и посебно се оградува од секаква одговорност во врска со вашиот придонес кон, користење на или потпирање на било која корисничка содржина и какви било дејства кои произлегуваат од учеството во било кој дел на сајтот, вклучувајќи ги сите несоодветни и непристојни кориснички содржини.

  1. Политика на авторско право

Arboreal го задржува правото да го раскине договорот со било кој краен корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до Arboreal од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот. Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да го известите Arboreal, со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која вие тврдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права.

  1. Општи услови за гаранција

Kрајниот корисник експлицитно се согласува дека користењето на овој сајт е под негова одговорност. ниту arboreal, неговите подружници, ниту нивните вработени, агенти, продавачи, даватели на услуги, соработници, провајдерите на содржина или даватели на лиценца или некој од нивните вработени, директори, агенти, не гарантираат дека користењето на сајтот ќе биде непрекинато, безгрешно, без вируси или без грешки; ниту пак гарантираат за (а) резултатите, кои можат да се добијат од употреба на овој сајт, или било која микространа, или за (б) точноста, веродостојноста или целосноста на (1) содржината на страната, вклучително, без ограничување на понудите од продавачите, услугите и производите кои се нудат; (2) описот на понудите од продавачите, производите или други програми; или (3) корисничка содржина дадена преку сајтот.

Oвој сајт и целата негова содржина, кориснички информации, информации за производите и продавачите се ставени на располагање на база “како што се” и “кога се достапни”. До степен до кој дозволува применливиот закон, Arboreal се оградува од било каква одговорност и услови, изразени или наложени, вклучувајќи, но не и ограничени на, оние кој се предмет на прекршоци, тргување или прилагодени за одредена намена.

  1. Ограничување на одговорноста

Во никој случај Arboreal, неговите соработници и нивните вработени, директори, агенти или продавачи, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со (а) вашето користење на сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на сајтот, (б) вашата неможност да го користите сајтот, (в) промена или отстранување на содржина поставена на сајтот, (г) производите или други програми понудени преку сајтот, или (д) овие услови на употреба.

  1. Електронска комуникација

Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до Arboreal, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

  1. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. аrboreal.mk ги немаaт прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

  1. Купување со доверба
  2. Избор на производи

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл. при преглед на производите кои се достапни за купување, ќе приметите од десна страна поле “КУПИ “. Кога ќе го притиснете тоа поле ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

  1. Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничката, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

  1. Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”.

  1. Избор на начинот на плаќање

Нарачката можете да ја платите при превземање на робата или со платежните картички VISA, Maestro или MasterCard кои поддржуваат плаќање преку интернет. Проверете кај банката дали Вашата картичка поддржува плаќање преку интернет.

 

  1. За крај на нарачката

Со потврда на полето ЈА ПОТВРДУВАМ НАРАЧКАТА, ќе Ви се прикаже известување за успешно пратена нарачка. Многу брзо потоа, на емаил адресата која ја имате впишано при регистрацијата ќе Ви пратиме потврда за нарачаните производи. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате на info@аrboreal.mk.

  1. Достава

По потврдување на нарачката рокот на испорака е 3 работни дена.

Курирот ја доставува пратката на адресата за испорака во работно време. Ве молиме да обезбедите лице кое во тој период ќе биде на потврдената адреса за да ја превземе пратката. При превземање на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот за случајно да не забележите некакви видливи оштетувања. Доколку приметите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот не е во ред, одбијте го приемот на пратката и известете не веднаш. Доколку пратката е наизглед без оштетувања, слободно превземете ја и потпишете ја адресницата која Ви ја доставува курирот. Доколку курирот не Ве пронајде на доставената адреса, вообичаена пракса е да Ве повика телефонски на бројот кој сте го доставиле при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин на достава. Доколку и тогаш не Ве пронајде на наведената адреса, пратката ќе ни се врати нам. По прием на истата, ќе Ве контактираме за да ја утврдиме причината што пратката не е доставена и ќе се договориме за повторна достава.

  1. Рекламации

При превземање на пратката Ве молиме во присуство на курирот да го проверите својот пакет. Доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови и нагмечувања) пакетот не би требало да го превземете. Во овој случај Ве молиме да ни пратите емаил со Ваши податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@аrboreal.mk и да ја наведете причината поради која сте одбиле да го превземете пакетот. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.

Доколку сте ја примиле пратката и по отворање на кутијата сте утврдиле дека испорачаната роба не одговара на нарачаната или податоците на сметката не се соодветни, Ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката да да ни пратите емаил со Ваши податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@аrboreal.mk и да опишете каков проблем сте воочиле. Во најкраток можен рок ќе Ве известиме за понатамошната постапка.

Доколку на купениот производ се појават недоследности во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме да постапите на начин дефиниран во правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да ги испратите на адреса info@аrboreal.mk.

  1. Поврат на средства

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Арбореал ДОО Скопје има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

назад кон врвот